Компанијата GoPro ја организира ’GoPro & Microsoft Business Solutions Day’ конференцијата која ќе се одржи на 19.11.2015 од 11:00 до 15:00 во хотелот ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА во Скопје.

 

Организацијата на настанот е во соработка со компанијата Microsoft чиј партнер е GoPro, компанија сертифицирана во доменот на имплементација на деловното решение Microsoft Dynamics NAV со кој се управуваат сите видови на ресурси и целокупното деловно работење (производство, складиштење, набавка, продажба, сметководство, финансии, човечки ресурси, основни средства...).

Теми на конференцијата ’GoPro & Microsoft Business Solutions Day’:

  • Претставување на компанијата GoPro на македонскиот пазар
  • Претставување на компанијата Microsoft, стратешкиот партнер на компанијата GoPro
  • Претставување на Microsoft Dynamics NAV решението и неговите функционалности
  • Претставување на останатите деловни решенија од портфолиото на компанијата GoPro – решенијата за мобилна продажба, дигитализација на документи (DMS), деловно известување (BI), управување со складови (WMS), пресметка на плати и човечки ресурси...
  • Претставување на EBRD (European Bank for Reconstruction and Developmet) – како да се пронајдат средства за финансирање на нови софтверски решенија во малите и средните претпријатија?

За сите дополнителни информации стоиме на располагање на маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефонскиот број 389 70 220 973

Go to top