На 19.11.2015 година во Скопје успешно е одржана конференцијата ’GoPro & Microsoft Business Solutions Day’. 

Настанот е организиран со цел да се претстават на македонскиот пазар деловните решенија на компанијата GoPro, една од регионалните лидери во доменот на имплементацијата на Microsoft Dynamics NAV (Navision) ERP системите.

По отворањето на партнерската компанија во Македонија ’ГoПро бизнис решенија дооел’ и првите успешно започнати проекти за имплементација, овозможена е можноста на менаџерите на македонските компании на едно место да ги добијат информациите за збирот од технички решенија кои заокружуваат еден интегриран информациски систем за управување со деловното работење.

Со презентацијата и демонстрацијата, претставени се Microsoft Dynamics NAV (Navision), ERP решението на компанијата Microsoft како и додатоци за него развиени од страна на GoPro за управување со магацини и мобилна продажба (GoPro Warehouse Management System и GoPro Nav OnTheGo).

Посетителите на конференцијата имаа шанса да се запознаат и со Microsoft Dynamics CRM, решение за управување со купувачите, сервисите и маркетингот, Shakespeare DMS, системот за управување со документација и деловни процеси, како и начините за финансирање на воведувањето на софтверските решенија во компаниите.

По исклучително позитивниот впечаток од страна на присутните гости, имаме намера ваквите конференции да станат пракса, со цел заинтересираните деловни субјекти благовремено да бидат известени за новостите од светот на информациските технологии и новите решенија на компанијата GoPro која тие иновации ги следи за своите производи да ги направи подобри и попродуктивни.

Go to top