Code of Ethics

Принципот на етичко однесување на бизнисот треба да придонесе до поголема хуманост и успех во извршување на работните задачи.

Денес, најважниот фактор по кој се разликуваат успесите и перспективите помеѓу две различни компании е нивото на употреба на етичките принципи во нивното работење.

GoPro етички кодекс:

  • Секоја од активностите која се извршува за некој клиент, се извршува само тогаш кога од неа има бенефит за клиентот.
  • Заедно со нашите клиенти, ние се придржуваме кон принципите на чесност, компетентност, објективност и професионалност.
  • Ние укажуваме на реалните очекувања од бенефитите што ги даваат нашите услуги наспроти очекуваните бенети од нив.
  • Ние работиме заедно со нашиот клиент да постигнеме меѓусебно разбирање за целите, опфатот и цената на услугата пред да ја прифатиме обврската.
  • Со клиентот се сложуваме однапред во врска со цените и трошоците и наплаќаме цени кои се разумни и кои се пропорционални на испорачаните услуги и прифатени одговорности.
  • Ние ги прифаќаме само оние задачи за кои ние или нашите колеги го имаме потребното знаење и искуство; ние доделуваме задачи само на оние професионалци кои го имаат потребното знаење да ги услужат нашите клиенти ефективно.
  • Ние ги избегнуваме активностите кои предизвикуваат конфликт на интереси и веднаш ги потенцираме фактите и околностите кои можат да влијаат на нашето расудување или објективност.
  • Ние ги третираме тајните клиентски податоци кои не се јавни соодветно и внимателно. Преземаме сериозно обмислени мерки да оневозможиме пристап до тие податоци од страна на неавторизирани лица освен со знаење и согласност на клиентот.
Go to top