GoPro business intelligence

Со Microsoft Dynamics NAV, веќе поседувате погатство од податоци за вашиот бизнис. Но дали го користите максималниот потенцијал на истите?

GoPro Business Intelligence за Microsoft Dynamics NAV е out-of-the-box решение кое дава увид во трансакциите и податоците во NAV, овозможувајќи вашите вработени да ги подобрат своите перформанси. Подобрете го донесувањето на деловни одлуки со business intelligence (BI) можностите како што се разните информатори, главните индикатори за перформанси (KPIs), извештаи, анализи, предупредувања и друго.

GoPro Business Intelligenceовозможува:

  • Лесно вршење на анализи како cash flow анализа, анализа на профитабилност, анализа на залихите и други обртни средства и др.
  • Анализирање на вашиот бизнис од сите агли вклучувајќи и неограничени мултидимензионални анализи, споредба на различни главни книги.
  • Автоматизација на текови на извештаи со што се заштедува на време и пари потрошени на рачно подготвување на извештаи
  • Поставување на било кое прашање во врска со перформансите на работењето и добивање на инстант одговор.

Добивање на конкурентска предност преку имање на брз увид.

За да добиете конкурентска предност, потребно е да останете на врвното ниво на перформанси и трендови. Информациите треба да ви бидат на дофат а не закопани таму некаде во купот од комплицирани извештаи кои ви одземаат време и ве приморуваат да се потпирате на достапноста на дополнителни ресурси.

GoPro Business Intelligence за Microsoft Dynamics ви дава инстант одговори - корисниците никогаш не зависат од програмери кои ги снабдуваат со податоци и извештаи.

И најважното за Microsoft Dynamics NAV корисниците – не е важно колку многу прилагодувања на NAV се направени или ќе се направат во иднина - извештаите се секогаш подготвени и тековни.

Go to top