Microsoft Dynamics NAV

Microsoft Dynamics NAV е врвно деловно решение кое на малите, средните и големите компании им нуди моќно и достапно решение кое може да биде во детали прилагодено на потребите на компанијата и кое може да расте заедно со истата. NAV е најдобрата можна инвестиција која ќе обезбеди на менаџментот и вработените исклучителна моќна алатка да го освојат пазарот и да обезбедат конкурентска предност. Брзиот тек на информации, автоматизацијата и подобрувањето на деловните процеси, моќниот систем за известување и интегрираното ERP решение, ќе ви помогне да ја зголемите продуктивноста и да го подобрите донесувањето на одлуки.

Microsoft Dynamics NAV го прави водењето на бизнисот побрзо и полесно

Microsoft Dynamics NAV овозможува компаниите да работат подобро и побрзо, прибирајќи ги деловните податоци на едно место. Како интегрирано решение, Microsoft Dynamics NAV ги поврзува информациите и активностите на сите сектори во компанијата и создава единствена синергија. Вредноста на оваа инвестиција ќе излезе на виделина многу брзо преку постигнувањето на подобри резултати, автоматизација и подобрување на деловните процеси преку богати и сеопфатни можности за известување но секако и преку интуитивното и лесно користење кое на крајот како резултат ќе даде подобрена продуктивност и подобро донесување на одлуки.

За Microsoft Dynamics NAV не е проблем да се интегрира со тековните компаниски системи и е доволно флексибилен да се прилагоди на начинот на работа на компанијата.

Нуди прилагодливи опции, дополнителни функционалности и способност за пораст и проширување. Како еден од продуктите на Microsoft, Dynamics NAV исто така изгледа одлично и препознатливо како и другите продукти кои корисниците секојдневно ги користат (Microsoft Office). Корисничкиот интерфејс кој е добро познат, побарува минимално време за тренинг што ги намалува трошоците, а корисниците брзо го прифаќаат и чувствуваат бенефитите.

Повеќе за  Microsoft Dynamics NAV на официјалниот Microsoft веб сајт.

Go to top