GoPro implementation methodology

GoPro не се задржува само на имплементација на нови апликации, ние решаваме бизнис проблеми. Во нашиот фокус е решавањето на бизнис проблеми кои се причина за имплементирање на нов систем. Успехот на проектот зависи од квалитетното планирање и анализа.

Ние ја употребуваме Microsoft Sure Step методологијата со следните фази:

Фаза на анализа

Во оваа фаза, детално се анализира тековната состојба на бизнисот и се поставуваат целите. Се дефинираат краткорочни и долгорочни цели и соодветни задачи се доделуваат на соодветни членови на тимот. Се прибираат податоци и извештаи и се проектира идната состојба на бизнисот на клиентот.

Продукти на оваа фаза се Записник за функционални побарувања (потреби) и Проектен план. Овие документи го дефинираат опфатот на проектот, членовите на тиумот и нивните одговорности, целите на проектот и начините за нивно постигнување. Потврдувањето и прифаќањето на овие документи гарантира одлични резултати и задоволство на клиентот. Квалитетот на фазата на анализа е во директна пропорција со квалитетот на целиот проект.

Фаза на развој/h2>

Прилагодувањето ја проширува функционалноста на out-of-the box решението. Низ годините GoPro има развиено повеќе прилагодени решенија и продукти, кои претставуваат темелно знаење и база со информации кои помагаат на GoPro да го скрати потребното време за испорака на решението и да обезбеди највисок можен квалитет.

Фазата на развој започнува со дефинирање на крајните корисници и подготвување на Документот за технички дизајн и завршува со прилагодување, развој и тестирање. Прилагодената апликација е производ на клучните корисници на клиентот како и консултантите во која се дефинираат идните функционалности и процеси. Тековните податоци соодветно се подготвуваат за миграција во новиот систем.

Фаза на обука

Фазата на обука е многу важна но често е занемарена. Разни студии потврдуваат дека многу компании не се свесни за целосниот потенцијал на нивната инвестиција бидејќи не успеале да обезбедат адекватна обука за своите вработени. GoPro обезбедува обука на локацијата на клиентот за сите апликации кои се имплементирани.

Фаза на испорака

Фазата на испорака се реализира во тесен контакт со вработените на клиентот. Оваа фаза е многу важна бидејќи резултатите на претходната работа се тестираат во реална бизнис околина. Сите критични функции треба темелно да се тестираат пред да станат дел од реалниот тек на работи. По успешното завршување на фазата на развој, пост-имплементациска супервизија се организира за да се измерат перформансите, да се проверат резултатите и да се додефинираат долгорочните цели. Со ова ја поставуваме базата за идни подобрувања на имплементираниот систем.

Фаза на поддршка

Постојаната поддршка треба да е дел од секое сеопфатно решение. GoPro тесно соработува со своите клиенти за да може да обезбеди целосна програма за поддршка што ќе ги задоволи потребите на клиентот. Може да се понуди поддршка на лице-место, далечинска поддршка, поддршка преку електронска пошта и друго.

Go to top